Во тек е упис за СРЕДНОШКОЛСКИ АКАДЕМИИ
Времетраење:
4 или 8 месеци
Локации:
ОНЛАЈН и во УЧИЛНИЦА
Започнува на:
20, 21 и 22 септември 2021
Академија за ПРОГРАМИРАЊЕ, Академија за ВЕБ ДИЗАЈН и Академија за ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

АКАДЕМИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Овој септември средношколците ги очекуваат три Академии:
- АКАДЕМИЈА ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ,
- АКАДЕМИЈА ЗА ВЕБ ДИЗАЈН И
- АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Може да се избира помеѓу настава во училница и онлајн настава.
Академиите ќе бидат пропратени со голем број на практични примери и изработка на голем број проекти се со цел средношколците да се стекнат со што поголеми знаења и со успех да се завршат обуката.

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ

Почеток: понеделник, 20 септември 2021
Главна цел на програмата е средношколците да се стекнат со знаења и вештини од областа на програмирање. На почеток ќе се разгледа структурното програмирање, за да во вториот дел се помине на објектно програмирање. Се започнува со изработка на наједноставни програми, за да до крај на курсот се прават посложени програми. Ќе биде опфатено програмирање во C++ и JAVA.

Фонд на часови: 128 часа (8 месеци, 2 пати неделно по 90 мин)
Цена: 8 рати по 3.500 ден, за уплата до понеделник, 20 септември 2021 има попуст и цената за целата Академија изнесува 24.900 ден.

АКАДЕМИЈА ЗА ВЕБ ДИЗАЈН

Почеток: вторник, 21 септември 2021
Одлична можност за 4 месеци да научите HTML и CSS. Во овој курс се поставуваат основите на HTML и CSS – низ часовите се планира и изработува комплетна web страна. Се учи не само како да се направи, туку и како би требало да изгледа, естетски и функционално и на што треба да се внимава.

Фонд на часови: 64 часа (4 месеци, 2 пати неделно по 90 мин)
Цена: 4 рати по 4.000 ден, за уплата до вторник, 21 септември 2021 има попуст и цената за целата Академија изнесува 12.900 ден.

АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Почеток: среда, 22 септември 2021
Академијата трае 4 месеци и на неа ќе се обработат програмите Adobe Photoshop и Adobe Illustrator. Ќе се врши: обработка на фотографии, креирање на лого, дизајнирање на визит картици, изработка на постер, инфографик, дизајни на корици на книги, часописи, флаери и уште многу, многу работи... Ќе се изработат графички решенија за комплетна маркетинг кампања: билборди, транспаренти, постери, банери за интернет портали, решенија за Facebook, Instagram,...

Фонд на часови: 64 часа (4 месеци, 2 пати неделно по 90 мин)
Цена: 4 рати по 4.000 ден, за уплата до среда, 22 септември 2021 има попуст и цената за целата Академија изнесува 12.900 ден.

Плаќањето може да се изврши на:

Образовен центар ВИЗИЈА
Сметка: 300 090 000 121 136
Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Повеќе инфо и упис на: 072 311 748
info@vizija.mk

Пополни формулар за упис

Форма за запишување

1 + 4 =