Компјутерско сметководство

Комплетна практична обука за водење на компјутерско сметководство

АКАДЕМИЈА ЗА СМЕТКОВОДСТВО

Несомнено, курсевите за сметководство се едни од најбараните и најуспешни обуки во ВИЗИЈА со голем број задоволни слушатели што ги посетуваа во текот на изминатите години. Наменети се за сите оние кои сакаат својата кариера да ја градат во областа од сметководството, па, или го завршиле своето образование, а немаат никакво практично искуство во работата или пак се школувале во сосема друга област па сакаат да се обучат да работат како сметководители и што побргу да се вклучат на пазарот на трудот. 

Курсевите се комплетно практично ориентирани и паралелно со неопходната теоретска подготовка, посетителите во текот на предавањата практично ги вршат сите книжења во сметководствениот софтвер, вршат преглед и учат да ги анализираат сметкодствените извештаи.

Академијата се состои од 3 модули:

Модул 1: Верификуван курс за сметководство
Модул 2: Напреден курс за сметководство
Модул 3: Сметководствен практикум

ВЕРИФИКУВАН Курс за сметководство

За курсот

Курс за сметководство ВЕРИФИКУВАН од Центар за образование за Возрасни и Министерство за образование. 

Овој курс е основно ниво и може да се посетува од почетници кои немаат никакви предзнаења од оваа област или од посетители кои имаат економски предзнаења од средно училиште или факултет, ама немаат никакво практично искуство. Комплетно се изучуваат основите за финансово сметководство, поим за конта и книжење. Слушателот учи да користи сметководствен софтвер, се запознава со целокупната влезна и излезна документација што се среќава при работењето на било кое Трговско Друштво и ја книжи истата, генерира и користи сметководствени извештаи. Се запознава со законската регулатива и даночната политика во државата, пресметува даноци, пополнува даночни пријави, изработува и книжи плати според согласно законските прописи. Се информира за сите рокови и обврски што треба да бидат запазени како и за обрасците за завршна сметка. 

Во програмата има вклучено доволно часови за практични вежби, за да успешно се совладаат сите предвидени книжења.

На крај од курсот се полага завршен тест кој се состои од теоретски и практичен дел по што на посетителот му се издава СЕРТИФИКАТ за СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО и се стекнува со следните компетенции:

  • Изведува активности од сметководственото работење во трговски друштва
  • Користи софтвер за компјутерско книговодство
  • Евидентира и книжи сметководствени настани врз основа на соодветни влезни и излезни документи
  • Води деловни книги
  • Врши пресметковни работи
  • Почитува и применува пропишана законска регулатива
  • Познава обрасци за годишна сметка и финансиски извештаи
  • Пресметува и изготвува даночни пријави согласно законската регулатива

Содржина на курсот

  • Книжење на банкарски изводи и пратење на состојбата на денарски и девизни сметки
  • Книжење и евидентирање на влезни фактури (фактури за набавка)
  • Книжење и евидентирање на излезен промет (фактури и фискали извештаи)
  • Книжење и евиденција на влезно и излезно ДДВ
  • Пресметка и книжење на плати, работа со МПИН програмот
  • Преглед и читање на аналитички и синтетички картици, бруто биланс и заклучен лист
  • Запознавање со постоечка законска даночна регулатива
  • Пополнување и доставување на даночни пријави за сите видови даноци (ДДВ, Данок на добивка, персонален данок)
  • Запознавање со роковите и обрасците за завршна сметка и начините на нивно доставување
  • Запознавање со сите обврски што едно правно лице ги има кон надлежните институции: Управа за јавни приходи, Централен регистар, инспекциски служби и сл.

Часови, цена и начин на плаќање

Времетраење: 3 месеци, 2 пати неделно по 90 мин. плус дополнителни часови за пракса
Цена: 21.000 денари (3 рати по 7.000 ден). Овој септември за рана уплата на целиот курс до почеток на истиот има попуст и цената изнесува 17.900 ден.

Плаќањето може да се изврши на:

Образовен центар ВИЗИЈА
Сметка: 300 090 000 121 136
Банка: Комерцијална банка АД Скопје

 

Напреден курс за сметководство

За курсот

Напредниот курс е продолжение на основниот курс за сметководство. Додека во првиот курс посетителот се обучува за обработка на документацијата и вршење на сите основни работи во сметководството, во овој модул се изучуваат напредни книжења на посложени сметководствени настани, се прави подлабока анализа на сметководствените извештаи и Бруто Биланси. Слушателите се обучуваат самостојно да ги извршуваат сите активности и анализи што претходат на изработката на годишната сметка, да ги спроведат завршните книжења, самостојно да ги пополнат образците за годишната сметка и како да ги предадат до належните институции. 

Овој модул истовремено е наменет и е корисен:

  • за почетниците кои го завршиле основниот курс за сметководство
  • за поискусните посетители кои веќе имаат работно искуство во сметководството,
  • за менаџерите во компаниите 

На почетниците, по завршениот прв модул им е потребен затоа што им помага да ја добијат комплетната слика од сметководтвеното работење во една компанија и со тоа им овозможува да бидат поуспешни во својата работа.

На сите  поискусни посетители кои веќе работат работат во сметководствениот сектор, ќе им помогне да  се подготват за поодговорни и повисоки, а со тоа, секако, и подобро платени  работни позиции.

На менаџерите пак, од друга страна, ќе им помогне темелно да се запознаат со законските прописи и даночната регулатива, успешно да ги толкуваат сметководствените извештаи и со тоа да бидат поуспешни  во навремено планирање и регулирање на работните процеси во својата компанија, како и во отстранувањето на неправилностите, а со тоа и избегнување на високите казни и глоби. 

Значи, на овој курс може и директно да се запише некој, ако претходно веќе има искуство во работење во финансово сметководство.

Содржина на курсот

Во овој модул се изучуваат и слушателите се обучуваат самостојно да извршуваат:

  • Напредни книжења на посложени сметководствени настани,
  • Подлабока анализа на сметководствените извештаи и Бруто Биланси
  • Сите активности, анализи и книжења што претходат на изработката на годишната сметка
  • Завршни книжења при изготвување на годишните сметки и искажување на добивка/загуба
  • Пополнување на даночниот биланс и  образците за годишната сметка и начинот на доставување на истите до належните институции

Часови, цена и начин на плаќање

Времетраење: 3 месеци, 2 пати неделно по 90 мин.
Цена: 24.000 денари (3 рати по 8.000 ден). Овој септември за рана уплата на целиот курс до почеток на истиот има попуст и цената изнесува 20.900 ден.

Плаќањето може да се изврши на:

Образовен центар ВИЗИЈА
Сметка: 300 090 000 121 136
Банка: Комерцијална банка АД Скопје

    Сметководствен практикум

    charts

    За курсот

    Ова е последниот модул од нашата АКАДЕМИЈА ЗА СМЕТКОВОДТВО. Тој претставува заокружување на целината и всушност претставува часови на пракса во нашето сметководствено биро. И во двата претходни модула вклучени се доволно часови со практични вежби и цело време практично се книжи и работи за виртуелен клиент. Меѓутоа, во рамките на овој практикум слушателите ќе можат на реални документи и ситуации да применат се она што го учеа и да видат како сето тоа изгледа во пракса. Сето тоа ќе се одвива под менторство на нашите искусни сметководители. Ќе добијат претстава за обемот на документацијата, за постапките за откривање и корекција на грешки што неминовно се појавуваат кога се работи, за начинот на комуникација со сите надлежни институции. Едноставно, практикумот постои, за да посетителите со нас ги поминат првите потешкотии со кои би се сретнале на своите идни работни места и со тоа, посигурни и поподготвени ќе ги извршуваат своите работни обврски и, секако, побргу ќе напредуваат во својата кариера.

    Овој модул е достапен само за слушателите кои ги поминале првите два модула од оваа АКАДЕМИЈА.

    Локации

    Карпош

    ул. Франклин Рузвелт 33/2

    тел: 072 311 748

    Куманово 1

    ул. Д.Стопаревиќ 66

    тел: 031 416 737

    Куманово 2

    ул. Среќко Пужаљка 1/3/1

    тел: 031 424 247