КУРС ЗА СМЕТКОВОДСТВО – 4 октомври 2022
Времетраење:
3 месеци
Локации:
СКОПЈЕ, КУМАНОВО или ОНЛАЈН
Започнува на:
4 октомври 2022
АКАДЕМИЈА И КУРСЕВИ ЗА СМЕТКОВОДСТВО

КУРС ЗА СМЕТКОВОДСТВО

Почеток: 4 октомври 2022


Курсот за сметководство е ВЕРИФИКУВАН од Центарот за образование за Возрасните и Министерство за образование.

Овој курс може да се посетува од почетници кои немаат никакви предзнаења од оваа област или од посетители кои имаат економски предзнаења од средно училиште или факултет, ама немаат никакво практично искуство. Комплетно се изучуваат основите за финансово сметководство, поим за конта и книжење. Слушателот учи да користи сметководствен софтвер, се запознава со целокупната влезна и излезна документација што се среќава при работењето на било кое Трговско Друштво и ја книжи истата, генерира и користи сметководствени извештаи. Се запознава со законската регулатива и даночната политика во државата, пресметува даноци, пополнува даночни пријави, изработува и книжи плати според согласно законските прописи. Се информира за сите рокови и обврски што треба да бидат запазени како и за обрасците за завршна сметка.

Во програмата има вклучено доволно часови за практични вежби, за да успешно се совладаат сите предвидени книжења.

На крај од курсот се полага завршен тест кој се состои од теоретски и практичен дел по што на посетителот му се издава СЕРТИФИКАТ за СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО и се стекнува со следните компетенции:
- Изведува активности од сметководственото работење во трговски друштва
- Користи софтвер за компјутерско книговодство
- Евидентира и книжи сметководствени настани врз основа на соодветни влезни и излезни документи
- Води деловни книги
- Врши пресметковни работи
- Почитува и применува пропишана законска регулатива
- Познава обрасци за годишна сметка и финансиски извештаи
- Пресметува и изготвува даночни пријави согласно законската регулатива

Содржина на курсот:

- Книжење на банкарски изводи и пратење на состојбата на денарски и девизни сметки
- Книжење и евидентирање на влезни фактури (фактури за набавка)
- Книжење и евидентирање на излезен промет (фактури и фискали извештаи)
- Книжење и евиденција на влезно и излезно ДДВ
- Пресметка и книжење на плати, работа со МПИН програмот
- Преглед и читање на аналитички и синтетички картици, бруто биланс и заклучен лист
- Запознавање со постоечка законска даночна регулатива
- Пополнување и доставување на даночни пријави за сите видови даноци (ДДВ, Данок на добивка, персонален данок)
- Запознавање со роковите и обрасците за завршна сметка и начините на нивно доставување
- Запознавање со сите обврски што едно правно лице ги има кон надлежните институции: Управа за јавни приходи, Централен регистар, инспекциски служби и сл.

Фонд на часови

Времетраење: 3 месеци.
Часови: 2 пати неделно по 90 минути.

Цена на курсот

Цена: 3 рати по 7.000 ден

ПОПУСТ:

Искористете го попустот за рана уплата на целиот курс до 4 октомври 2022 со цена од 17.900 ден.

Плаќањето може да се изврши на:

Образовен центар ВИЗИЈА
Сметка: 300 090 000 121 136
Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Повеќе информации и упис на: 072 311 748
info@vizija.mk