Во ВИЗИЈА во тек е упис за ОНЛАЈН курсеви за:
КУРС ЗА СМЕТКОВОДСТВО
КУРС ЗА НАПРЕДНО СМЕТКОВОДСТВО
Почеток: 9 декември 2020
ГРАТИС: ПРОГРАМ ЗА ФИНАНСОВО СМЕТКОВОДСТВО со право на користење до крајот на 2021 година за секој слушател на било кој од курсевите за сметководство
КУРС ЗА СМЕТКОВОДСТВО
Почеток: 9 декември 2020
Овој курс нуди комплетна практична обука за водење на компјутерско сметководство. Наменет е за сите оние кои сакаат својата кариера да ја градат во областа од сметководството, па, или го завршиле своето образование, а немаат никакво практично искуство во работата или пак се школувале во сосема друга област па сакаат да се обучат да работат како сметководители.
Низ, курсот, со практична работа уште од првите часови, посетителите се обучуваат за користење на софтвер за финансово и материјално сметководство, книжење на сметководствени документи, преглед и читање на сметководствени извештаи, пратење на состојбата на залихи во магацини и продавници, запознавање со постоечката законска регулатива, пополнување и поднесување на даночни пријави за сите видови даноци, подготовка за завршна сметка,... Едноставно, се што треба да знае еден сметководител.
По завршување на обуката, посетителите ќе стекнат знаења за:
- Книжење на банкарски изводи и пратење на состојбата на денарски и девизни сметки
- Книжење и евидентирање на влезни фактури (фактури за набавка)
- Книжење и евидентирање на излезен промет (фактури и фискали извештаи)
- Книжење и евиденција на влезно и излезно ДДВ
- Пресметка и книжење на плати, работа со МПИН програмот
- Преглед и читање на аналитички и синтетички картици, бруто биланс и заклучен лист
- Запознавање со постоечка законска даночна регулатива
- Пополнување и доставување на даночни пријави за сите видови даноци (ДДВ, Данок на добивка, персонален данок)
- Подготовка за завршна сметка и запознавање со извештаите што се пополнуаат при завршна сметка
- Запознавање со сите обврски што едно правно лице ги има кон надлежните институции: Управа за јавни приходи, Централен регистар, инспекциски служби и сл.
Цена: 18.000 денари (3 рати по 6.000 ден).
(за уплата на целиот курс до 11 декември има попуст и цената изнесува 15.900 ден)
КУРС ЗА НАПРЕДНО СМЕТКОВОДСТВО
Почеток: 9 декември 2020
Курсот за напредно сметководство е продолжение на курсот за сметководство. Овде се оди до комплетно подготвување на завршна сметка.
Времетраење: 3 месеци, 2 пати неделно по 90 минЦена: 18.000 денари (3 рати по 6.000 ден).
(за уплата на целиот курс до 11 декември има попуст и цената изнесува 15.900 ден)
Образовен центар ВИЗИЈА
Сметка: 300 090 000 121 136
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
Контакт: 072 311 748
info@vizija.mk