Објектно програмирање
Од: 1,450 ден / месец за 8 месеци
Времетраење
8 месеци
Локација
Online или во училница
Почеток
14 September 2024
Фонд на часови
еднаш неделно x 90 минути
Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на програмирање во C++.
На почеток ќе се разгледа структурното програмирање, за да во вториот дел се помине на објектно програмирање во C++.
Се започнува со изработка на наједноставни програми, за да до крај на курсот се прават посложени програми.
Ќе се изработат голем број практични програми кои се осмислени специјално за потребите на програмата.
Опис на курсот
Структурно програмирање – Бројни системи, алгоритми, програми; Наредби за вчитување и печатење; Изработка на програми со користење на наредба за избор на две можности (if-else); Програми со користење на наредба за избор на повеќе можности (switch); Програми со наредби за повторување (while, do-while и for); Функции и потпрограми; Еднодимензионални низи; Дводимензионални низи (матрици); Текстуални низи; Текстуални датотеки; Покажувачи; Рекурзии; Рекурзивни функции; Податочни структури
Објектно програмирање – Вовед во објектно ориентирано програмирање; Ниво на пристап (public, private, protected); Класи, конструктор и деструктор; Иницијализација на објекти; Композиција на класи; Покажувач this; Константи; Static променливи и функции; Наследување, super конструктор; Дизајнирање на класна хиерархија; Апстрактни класи; Полиморфизам; Исклучоци: настанување, генерирање и справување; Запознавање со генеричко програмирање