Напредно сметководство
Од: 8,000 ден / месец за 3 месеци
Времетраење
3 месеци
Локација
Online или во училница
Почеток
12 April 2023
Фонд на часови
2 пати неделно x 90 минути
Напредниот курс е продолжение на основниот курс за сметководство. Додека во првиот курс посетителот се обучува за обработка на документацијата и вршење на сите основни работи во сметководството, во овој модул се изучуваат напредни книжења на посложени сметководствени настани, се прави подлабока анализа на сметководствените извештаи и Бруто Биланси. Слушателите се обучуваат самостојно да ги извршуваат сите активности и анализи што претходат на изработката на годишната сметка, да ги спроведат завршните книжења, самостојно да ги пополнат образците за годишната сметка и како да ги предадат до належните институции.
Овој модул истовремено е наменет и е корисен:
- за почетниците кои го завршиле основниот курс за сметководство
- за поискусните посетители кои веќе имаат работно искуство во сметководството,
- за менаџерите во компаниите
На почетниците, по завршениот прв модул им е потребен затоа што им помага да ја добијат комплетната слика од сметководтвеното работење во една компанија и со тоа им овозможува да бидат поуспешни во својата работа.
На сите поискусни посетители кои веќе работат работат во сметководствениот сектор, ќе им помогне да се подготват за поодговорни и повисоки, а со тоа, секако, и подобро платени работни позиции.
На менаџерите пак, од друга страна, ќе им помогне темелно да се запознаат со законските прописи и даночната регулатива, успешно да ги толкуваат сметководствените извештаи и со тоа да бидат поуспешни во навремено планирање и регулирање на работните процеси во својата компанија, како и во отстранувањето на неправилностите, а со тоа и избегнување на високите казни и глоби.
Значи, на овој курс може и директно да се запише некој, ако претходно веќе има искуство во работење во финансово сметководство.
Опис на курсот
Во овој модул се изучуваат и слушателите се обучуваат самостојно да извршуваат:
- Напредни книжења на посложени сметководствени настани,
- Подлабока анализа на сметководствените извештаи и Бруто Биланси
- Сите активности, анализи и книжења што претходат на изработката на годишната сметка
- Завршни книжења при изготвување на годишните сметки и искажување на добивка/загуба
- Пополнување на даночниот биланс и образците за годишната сметка и начинот на доставување на истите до належните институции