Правила на купување
Цените на сите курсеви на страницата vizija.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Секој купувач кој сака да направи нарачка и почне процес на купување треба да биде регистриран. Саканите курсеви се додаваат во кошничка, а на крајот се потврдува нарачката. По завршувањето на нарачката купувачот добива потврда за направената нарачка преку е-пошта, наведена при негова регистрација на страницата. Во случај некој од курсевите е веќе во тек, купувачот ќе биде исконтактиран преку доставената e-mail адреса или доставениот телефон.
Купените курсеви се плаќаат електронски со следните платежни картички: Visa, Visa Electron, Mastercard, Maestro (само доколку има CVV2/ CVC код на задната страна на платежната картичка која ја користи купувачот) а наплатата се врши преку нашиот партнер Комерцијална Банка АД Скопје. Плаќањето на купените курсеви може да се врши и на некоја од нашите локации. За начинот на плаќање можете да бирате при процесот на купување.