Компјутерско сметководство
Комплетна практична обука за водење на компјутерско сметководство
Овој курс нуди комплетна практична обука за водење на компјутерско сметководство.
Наменет е за сите оние кои сакаат својата кариера да ја градат во областа од сметководството, или го завршиле своето образование, а немаат никакво практично искуство во работата или пак се школувале во сосема друга област па сакаат да се обучат да работат како сметководители.
Времетраење: 3 месеци (2 пати неделно по 90 мин)
Цена на курсот: 18.000 ден. (3 рати по 6.000 ден)
за уплата на целиот курс на почеток (првата недела) има попуст и цената е 15.900 ден.
Низ курсот, со практична работа уште од првите часови, посетителите се обучуваат за користење на софтвер за финансово и материјално сметководство, книжење на сметководствени документи, преглед и читање на сметководствени извештаи, следење на состојбата на залихи во магацини и продавници, запознавање со постоечката законска регулатива, пополнување и поднесување на даночни пријави за сите видови даноци, подготовка за завршна сметка,… Eдноставно, сè што треба да знае еден сметководител.
По завршување на обуката, посетителите ќе стекнат знаења за:
- Користење на софтвер за финансово и материјално работење
- Книжење на банкарски изводи и следење на состојбата на денарски и девизни сметки
- Книжење и евидентирање на влезни фактури (фактури за набавка)
- Книжење и евидентирање на излезен промет (фактури и фискални извештаи)
- Книжење и евиденција на влезно и излезно ДДВ
- Пресметка и книжење на плати, работа со МПИН програмот
- Преглед и читање на аналитички и синтетички картици, бруто биланс и заклучен лист
- Запознавање со постоечка законска даночна регулатива
- Пополнување и доставување на даночни пријави за сите видови даноци (ДДВ, Данок на добивка, персонален данок)
- Подготовка за завршна сметка и запознавање со извештаите што се пополнуваат при завршна сметка
- Запознавање со сите обврски што едно правно лице ги има кон надлежните институции: Управа за јавни приходи, Централен регистар, инспекциски служби и сл.