Во тек е упис за ОНЛАЈН курс КОМПЈУТЕРСКО СМЕТКОВОДСТВО

Времетраење:

3 месеци

Локации:

ОНЛАЈН

Започнува на:

30 јуни 2020
Комплетна практична обука за водење на компјутерско сметководство

ОНЛАЈН курс за КОМПЈУТЕРСКО СМЕТКОВОДСТВО

Почеток: 30 јуни 2020

ГРАТИС: ПРОГРАМ ЗА ФИНАНСОВО СМЕТКОВОДСТВО со право на користење до крајот на 2021 година за секој слушател на курсот по сметководство

Овој курс нуди комплетна практична обука за водење на компјутерско сметководство. Наменет е за сите оние кои сакаат својата кариера да ја градат во областа од сметководството, па, или го завршиле своето образование, а немаат никакво практично искуство во работата или пак се школувале во сосема друга област па сакаат да се обучат да работат како сметководители.

Низ, курсот, со практична работа уште од првите часови, посетителите се обучуваат за користење на софтвер за финансово и материјално сметководство, книжење на сметководствени документи, преглед и читање на сметководствени извештаи, пратење на состојбата на залихи во магацини и продавници, запознавање со постоечката законска регулатива, пополнување и поднесување на даночни пријави за сите видови даноци, подготовка за завршна сметка,... Едноставно, се што треба да знае еден сметководител.

По завршување на обуката, посетителите ќе стекнат знаења за:

  • Книжење на банкарски изводи и пратење на состојбата на денарски и девизни сметки
  • Книжење и евидентирање на влезни фактури (фактури за набавка)
  • Книжење и евидентирање на излезен промет (фактури и фискали извештаи)
  • Книжење и евиденција на влезно и излезно ДДВ
  • Пресметка и книжење на плати, работа со МПИН програмот
  • Преглед и читање на аналитички и синтетички картици, бруто биланс и заклучен лист
  • Запознавање со постоечка законска даночна регулатива
  • Пополнување и доставување на даночни пријави за сите видови даноци (ДДВ, Данок на добивка, персонален данок)
  • Подготовка за завршна сметка и запознавање со извештаите што се пополнуаат при завршна сметка
  • Запознавање со сите обврски што едно правно лице ги има кон надлежните институции: Управа за јавни приходи, Централен регистар, инспекциски служби и сл.

Цена на курсот: 18.000 денари.
Можност за плаќање на рати.
(за уплата на целиот курс до 30 јуни има попуст и цената изнесува 15.900 ден)

Образовен центар ВИЗИЈА
Сметка: 300 090 000 121 136
Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Контакт: 072 311 748
info@vizija.mk