ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ – Курсеви за програмирање – 14 септември 2024
Времетраење:
8 месеци
Локации:
СКОПЈЕ, КУМАНОВО и ОНЛАЈН
Започнува на:
14 септември 2024
Палета на практични и интересни курсеви за деца
ДЕТСКИ КУРСЕВИ ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ
Голем број на детски курсеви за програмирање:- Програмирање во C++
- Објектно програмирање
- Напредно програмирање
- Програмирање во JAVA
- Програмирање во PYTHON
Може да се избере онлајн настава или настава во училница.
Почеток: сабота, 14 септември 2024
Со овие курсеви учениците од мошне рана возраст навлегуваат во светот на програмирањето. Се започнува со основните поими: променливи, наредби за влез/излез, пресметки, разгранување, циклуси … и се изработуваат едноставни програми со кои се објаснува програмерската логика, па потоа се продолжува со посложени алгоритми и структури. Целата обука за програмирање е повеќегодишна и е распределена во неколку курсеви кои се надоврзуваат еден на друг.
Не е случајно што ова се едни од најпопуларните и најпосетувани курсеви со најдолга традиција во ВИЗИЈА - Програми за совладување и на најтешките компјутерски вештини подготвени со многу љубов и внимание за нашите најмали ❤️❤️❤️
Одлична можност на Вашето дете да му пружите солидна основа на информатичко образование и да го подготвите за иднината што доаѓа. Нека времето поминато со компјутер не биде само играње, YouTube и социјални мрежи – има многу повеќе квалитетни и интересни содржини што можат да му помогнат да си ја развие својата интелигенција, да ги поттикне своите таленти и да тргне кон успешна кариера.
Од основни компјутерски познавања за најмала возраст, па понатаму, совладување на пакетот Office програми, навлегување во светот на графички и web дизајн па се до курсевите за програмирање, преку палета на годишни практични и интересни курсеви, детето ќе добие компјутерско предзнаење што ќе му го олесни идното школување и професионално напредување.
Времетраење: Сите курсеви траат ЦЕЛА УЧЕБНА ГОДИНА (8 месеци).
Часови: Секој курс е 64 часа. Часовите се еднаш неделно по 2 часа.
ПРОГРАМИРАЊЕ ВО C++
Цена: 1.300 ден/месечно
ПОПУСТ: за уплата на целиот курс до крајот на септември цената е 9.700 ден.
ОБЈЕКТНО ПРОГРАМИРАЊЕ
Цена: 1.350 ден/месечно
ПОПУСТ: за уплата на целиот курс до крајот на септември цената е 10.000 ден.
НАПРЕДНО ПРОГРАМИРАЊЕ
Цена: 1.400 ден/месечно
ПОПУСТ: за уплата на целиот курс до крајот на септември цената е 10.300 ден.
ПРОГРАМИРАЊЕ ВО JAVA
Цена: 1.500 ден/месечно
ПОПУСТ: за уплата на целиот курс до крајот на септември цената е 11.000 ден.
ПРОГРАМИРАЊЕ ВО PYTHON
Цена: 1.500 ден/месечно
ПОПУСТ: за уплата на целиот курс до крајот на септември цената е 11.000 ден.
Плаќањето може да се изврши на:
Образовен центар ВИЗИЈАСметка: 300 090 000 121 136
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
Повеќе инфо и упис: 072 311 748
info@vizija.mk