
ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ – Компјутерска графика – 16 септември 2023
Времетраење:
8 месеци
Локации:
СКОПЈЕ, КУМАНОВО и ОНЛАЈН
Започнува на:
16 септември 2023
Палета на практични и интересни курсеви за деца
ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ
КОМПЈУТЕРСКА ГРАФИКА
(Adobe Photoshop и Adobe Illustrator)
Може да се избере онлајн настава или настава во училница.Почеток: сабота, 16 септември 2023
Се совладуваат основи на компјутерска графика во Adobe Photoshop и Adobe Illustrator. Учење преку практични примери и изработка на голем број проекти преку кои им се приближуваат овие професинални програми на децата и им се отвара видикот што сé можат да направат. Се изработуваат најразлични цртежи, слики, фотомонтажи, постери, насловни страни за книги и списанија и останати рекламни материјали. Особено се внимава содржината на проектите да им биде прилагодена на возраста и да им биде интересна на учениците.
Не е случајно што ова се едни од најпопуларните и најпосетувани курсеви со најдолга традиција во ВИЗИЈА - Програми за совладување и на најтешките компјутерски вештини подготвени со многу љубов и внимание за нашите најмали ❤️❤️❤️
Одлична можност на Вашето дете да му пружите солидна основа на информатичко образование и да го подготвите за иднината што доаѓа. Нека времето поминато со компјутер не биде само играње, YouTube и социјални мрежи – има многу повеќе квалитетни и интересни содржини што можат да му помогнат да си ја развие својата интелигенција, да ги поттикне своите таленти и да тргне кон успешна кариера.
Од основни компјутерски познавања за најмала возраст, па понатаму, совладување на пакетот Office програми, навлегување во светот на графички и web дизајн па се до курсевите за програмирање, преку палета на годишни практични и интересни курсеви, детето ќе добие компјутерско предзнаење што ќе му го олесни идното школување и професионално напредување.
Времетраење: Сите курсеви траат ЦЕЛА УЧЕБНА ГОДИНА (8 месеци).
Часови: Секој курс е 64 часа. Часовите се еднаш неделно по 2 часа.
КОМПЈУТЕРСКА ГРАФИКА (Adobe Photoshop и Adobe Illustrator)
Цена: 1.150 ден/месечноИСКОРИСТЕТЕ ГО ПОПУСТОТ: за уплата на целиот курс до крајот на септември цената е 8.600 ден.
Плаќањето може да се изврши на:
Образовен центар ВИЗИЈАСметка: 300 090 000 121 136
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
Повеќе инфо и упис: 072 311 748
info@vizija.mk