Курс за НАПРЕДНО СМЕТКОВОДСТВО – 19 април 2023
Времетраење:
3 месеци
Локации:
Онлајн
Започнува на:
19 април 2023
Комплетна практична обука за водење на компјутерско сметководство

КУРС ЗА НАПРЕДНО СМЕТКОВОДСТВО

Почеток: 19 април 2023


Напредниот курс е продолжение на основниот курс за сметководство. Додека во првиот курс посетителот се обучува за обработка на документацијата и вршење на сите основни работи во сметководството, во овој модул се изучуваат напредни книжења на посложени сметководствени настани, се прави подлабока анализа на сметководствените извештаи и Бруто Биланси.

Слушателите се обучуваат самостојно да ги извршуваат сите активности и анализи што претходат на изработката на годишната сметка, да ги спроведат завршните книжења, самостојно да ги пополнат образците за годишната сметка и како да ги предадат до належните институции.

Овој модул истовремено е наменет и е корисен:
- за почетниците кои го завршиле основниот курс за сметководство
- за поискусните посетители кои веќе имаат работно искуство во сметководството,
- за менаџерите во компаниите

На почетниците, по завршениот прв модул им е потребен затоа што им помага да ја добијат комплетната слика од сметководтвеното работење во една компанија и со тоа им овозможува да бидат поуспешни во својата работа.

На сите поискусни посетители кои веќе работат работат во сметководствениот сектор, ќе им помогне да се подготват за поодговорни и повисоки, а со тоа, секако, и подобро платени работни позиции.

На менаџерите пак, од друга страна, ќе им помогне темелно да се запознаат со законските прописи и даночната регулатива, успешно да ги толкуваат сметководствените извештаи и со тоа да бидат поуспешни во навремено планирање и регулирање на работните процеси во својата компанија, како и во отстранувањето на неправилностите, а со тоа и избегнување на високите казни и глоби.

Значи, на овој курс може и директно да се запише некој, ако претходно веќе има искуство во работење во финансово сметководство.

Содржина на курсот:

Во овој модул се изучуваат и слушателите се обучуваат самостојно да извршуваат:
- Напредни книжења на посложени сметководствени настани,
- Подлабока анализа на сметководствените извештаи и Бруто Биланси
- Сите активности, анализи и книжења што претходат на изработката на годишната сметка
- Завршни книжења при изготвување на годишните сметки и искажување на добивка/загуба
- Пополнување на даночниот биланс и образците за годишната сметка и начинот на доставување на истите до належните институции


Фонд на часови

Времетраење: 3 месеци.
Часови: 2 пати неделно по 90 минути.

Цена на курсот

Цена: 3 рати по 8.000 ден

ПОПУСТ:

Искористете го попустот за рана уплата на целиот курс до 19 април 2023 со цена од 20.900 ден.

Плаќањето може да се изврши на:

Образовен центар ВИЗИЈА
Сметка: 300 090 000 121 136
Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Повеќе информации и упис на: 072 311 748
info@vizija.mk

Пополни формулар за упис

Форма за запишување

12 + 2 =