ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ – Компјутерска графика – 14 септември 2024
Времетраење:
8 месеци
Локации:
СКОПЈЕ, КУМАНОВО и ОНЛАЈН
Започнува на:
14 септември 2024
Палета на практични и интересни курсеви за деца

ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ
КОМПЈУТЕРСКА ГРАФИКА
(Adobe Photoshop и Adobe Illustrator)

Може да се избере онлајн настава или настава во училница.

Почеток: сабота, 14 септември 2024

Се совладуваат основи на компјутерска графика во Adobe Photoshop и Adobe Illustrator. Учење преку практични примери и изработка на голем број проекти преку кои им се приближуваат овие професинални програми на децата и им се отвара видикот што сé можат да направат. Се изработуваат најразлични цртежи, слики, фотомонтажи, постери, насловни страни за книги и списанија и останати рекламни материјали. Особено се внимава содржината на проектите да им биде прилагодена на возраста и да им биде интересна на учениците.

Не е случајно што ова се едни од најпопуларните и најпосетувани курсеви со најдолга традиција во ВИЗИЈА - Програми за совладување и на најтешките компјутерски вештини подготвени со многу љубов и внимание за нашите најмали ❤️❤️❤️

Одлична можност на Вашето дете да му пружите солидна основа на информатичко образование и да го подготвите за иднината што доаѓа. Нека времето поминато со компјутер не биде само играње, YouTube и социјални мрежи – има многу повеќе квалитетни и интересни содржини што можат да му помогнат да си ја развие својата интелигенција, да ги поттикне своите таленти и да тргне кон успешна кариера.

Од основни компјутерски познавања за најмала возраст, па понатаму, совладување на пакетот Office програми, навлегување во светот на графички и web дизајн па се до курсевите за програмирање, преку палета на годишни практични и интересни курсеви, детето ќе добие компјутерско предзнаење што ќе му го олесни идното школување и професионално напредување.

Времетраење: Сите курсеви траат ЦЕЛА УЧЕБНА ГОДИНА (8 месеци).
Часови: Секој курс е 64 часа. Часовите се еднаш неделно по 2 часа.

КОМПЈУТЕРСКА ГРАФИКА (Adobe Photoshop и Adobe Illustrator)

Цена: 1.150 ден/месечно
ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПОПУСТОТ: за уплата на целиот курс до крајот на септември цената е 8.600 ден.

Плаќањето може да се изврши на:

Образовен центар ВИЗИЈА
Сметка: 300 090 000 121 136
Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Повеќе инфо и упис: 072 311 748
info@vizija.mk

Пополни формулар за упис

Форма за запишување

6 + 2 =