АКАДЕМИЈА И КУРСЕВИ ЗА СМЕТКОВОДСТВО – 27 септември 2021
Времетраење:
Локации:
ОНЛАЈН или во УЧИЛНИЦА
Започнува на:
27 септември 2021
АКАДЕМИЈА И КУРСЕВИ ЗА СМЕТКОВОДСТВО

АКАДЕМИЈА И КУРСЕВИ ЗА СМЕТКОВОДСТВО

Почеток: понеделник, 27 септември 2021


Несомнено, курсевите за сметководство се едни од најбараните и најуспешни обуки во ВИЗИЈА со голем број задоволни слушатели што ги посетуваа во текот на изминатите години.
Наменети се за сите оние кои сакаат својата кариера да ја градат во областа од сметководството, па, или го завршиле своето образование, а немаат никакво практично искуство во работата или пак се школувале во сосема друга област па сакаат да се обучат да работат како сметководители и што побргу да се вклучат на пазарот на трудот.

Курсевите се комплетно практично ориентирани и паралелно со неопходната теоретска подготовка, посетителите во текот на предавањата практично ги вршат сите книжења во сметководствениот софтвер, вршат преглед и учат да ги анализираат сметкодствените извештаи.

Овој септември, сублимирајќи го своето 25 годишно искуство од организирање на обуки за идни сметководители, ВИЗИЈА одлучи својот јубилеј да го обележи со тоа што ќе ги обедини сите свои програми во една сеопфатна АКАДЕМИЈА ЗА СМЕТКОВОДСТВО - комплетна обука од која посетителот ќе излезе комплетно практично обучен и подговен за идното работно место.

Академијата се состои од 3 модули, од кои секој претставува и посебна целина што може и одделно да се посетува.

Модул 1: Курс за сметководство сертифициран во Центар за образование за Возрасни и Министерство за образование.

Ова е основно ниво и може да се посетува од почетници кои немаат никакви предзнаења или од посетители кои имаат економски предзнаења од средно училиште или факултет, ама немаат никакво практично искуство. Комплетно се изучуваат основите за финансово сметководство, поим за конта и книжење. Слушателот учи да користи сметководствен софтвер, се запознава со целокупната влезна и излезна документација што се среќава при работењето на било кое Трговско Друштво и ја книжи истата, генерира и користи сметководствени извештаи. Се запознава со законската регулатива и даночната политика во државата, пресметува даноци, пополнува даночни пријави, изработува и книжи плати според согласно законските прописи. Се информира за сите рокови и обврски што треба да бидат запазени како и за обрасците за завршна сметка.

Во програмата има вклучено доволно часови за практични вежби, за да успешно се совладаат сите предвидени книжења.

На крај од курсот се полага завршен тест кој се состои од теоретски и практичен дел по што на посетителот му се издава СЕРТИФИКАТ за СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО и се стенува со следните компетенции:
- Изведува активности од сметководственото работење во трговски друштва
- Користи софтвер за компјутерско книговодство
- Евидентира и книжи сметководствени настани врз основа на соодветни влезни и излезни документи
- Води деловни книги
- Врши пресметковни работи
- Почитува и применува пропишана законска регулатива
- Познава обрасци за годишна сметка и финансиски извештаи
- Пресметува и изготвува даночни пријави согласно законската регулатива

Модул 2: Напреден курс за сметководство

Напредниот курс е продолжение на основниот курс за сметководство. Додека во првиот курс посетителот се обучува за обработка на документацијата и вршење на сите основни работи во сметководството, во овој модул се изучуваат напредни книжења на посложени сметководствени настани, се прави подлабока анализа на сметководствените извештаи и Бруто Биланси. Слушателите се обучуваат самостојно да ги извршуваат сите активности и анализи што претходат на изработката на годишната сметка, да ги спроведат завршните книжења, самостојно да ги пополнат образците за годишната сметка и како да ги предадат до належните институции.

Овој модул истовремено е наменет и е корисен:
- за почетниците кои го завршиле основниот курс за сметководство
- за поискусните посетители кои веќе имаат работно искуство во сметководството
- за менаџерите во компаниите

На почетниците, по завршениот прв модул им е потребен затоа што им помага да ја добијат комплетната слика од сметководтвеното работење во една компанија и со тоа им овозможува да бидат поуспешни во својата работа. На сите поискусни посетители кои веќе работат работат во сметководствениот сектор, ќе им помогне да се подготват за поодговорни и повисоки, а со тоа, секако, и подобро платени работни позиции. На менаџерите пак, од друга страна, ќе им помогне темелно да се запознаат со законските прописи и даночната регулатива, успешно да ги толкуваат сметководствените извештаи и со тоа да бидат поуспешни во навремено планирање и регулирање на работните процеси во својата компанија, како и во отстранувањето на неправилностите, а со тоа и избегнување на високите казни и глоби.

Значи, на овој курс може и директно да се запише некој, ако претходно веќе има искуство во работење во финансово сметководство.

Модул 3: Сметководствен практикум

Ова е последниот модул од нашата АКАДЕМИЈА ЗА СМЕТКОВОДТВО. Тој претставува заокружување на целината и всушност претставува часови на пракса во нашето сметководствено биро. И во двата претходни модула вклучени се доволно часови со практични вежби и цело време практично се книжи и работи за виртуелен клиент. Меѓутоа, во рамките на овој практикум слушателите ќе можат на реални документи и ситуации да применат се она што го учеа и да видат како сето тоа изгледа во пракса. Сето тоа ќе се одвива под менторство на нашите искусни сметководители. Ќе добијат претстава за обемот на документацијата, за постапките за откривање и корекција на грешки што неминовно се појавуваат кога се работи, за начинот на комуникација со сите надлежни институции. Едноставно, практикумот постои, за да посетителите со нас ги поминат првите потешкотии со кои би се сретнале на своите идни работни места и со тоа, посигурни и поподготвени ќе ги извршуваат своите работни обврски и, секако, побргу ќе напредуваат во својата кариера.

Овој модул е достапен само за слушателите кои ги поминале првите два модула од оваа АКАДЕМИЈА.

Повеќе информации и упис на телефон: 070 747 741
info@vizija.mk